На улица сретна пријател од школо кој станал бездомник и му го промени животот

Од Кенија стигнува трогателната животна приказна на Патрик Хинг, кој загубил апсолутно сè во животот. Станал зависник од дрога и завршил на улица, но неговиот живот коренито се променил кога случајно на него наишла неговата некогашна пријателка од школо.

Патрик со години имал големи проблеми со зависноста од дрога. Првин бил избркан од школо поради пушење марихуана. Потоа западнал во поголеми проблеми, па неговата мајка, во обид да му помогне, го пратила во психијатарска болница. Таму станал познат по тоа што неколку пати побегнал од болницата, после што шетал гол по улици и копал по ѓубрето.

Мајка му се обидувала да му помогне, па му носела храна и вода. Но, животот на Патрик целосно се променил кога случајно се сретнал со Вања Мваури, пријателка од школските денови. Во разговор со неа признал дека сака да го смени својот начин на живот, па Вања го пратила во рехабилитациски центар и преку социјалните мрежи собрала донации за негова помош. Подоцна му помогнала да отвори свој сопствен мал бизнис, „Проданицата од Хинг“.

Патри доживеал неверојатна трансформација. Во рехабилитацискиот центар се излекувал од зависноста, а јавно признава дека, благодарение на Вања, се чувствува како целосно нова личност.