На „Табановце“ и на „Богородица“ за излез се чека повеќе од 30 минути


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. За излез од Македонија се чека повеќе од половина час, и на граничниот премин „Табановце“, и на граничниот премин „Богородица“.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица за излез од државата, времето на чекање е од 15 – 30 минути. На граничниот премин Табановце за излез се чека околу 30 – 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштуваат од АМСМ.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.