Ако помине референдумот БЕСА ќе има свои барања за уставни измени


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Додека трае целиот овој процес околу референдумот, за кој не се знае какви се реперкусии ќе има по македонската иднина, со свои барања ќе излезе и партијата Беса која ќе сака да ја „наплати“ поддршката со „адекватни“ уставни измени.

Најодлучна за кампањата “про“ референдумот е опозициска БЕСА. Портпаролот на оваа партија за ТВ21 рече дека ќе се мобилизираат со цел референдумот да биде успешен. Меѓутоа додаде дека Движење Беса ќе има свои барања кога ќе дојде времето за уставните промени.

„И ние имаме свои забелешки во врска со договорот меѓу Македонија и Грција, но овие забелешки ќе ги адресираме во потребниот момент, до соодветните политичари, значи до премиерот Заев, во моментот кога ќе се отвори Уставот на Република Македонија, каде ќе побараме терминот 20% во Уставот да се смени со албански јазик и Албанци“, рече портпаролот на БЕСА.