На скопскиот аеродром приведен патник – пушел цигара во авион од Брисел за Скопје


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По слетувањето на авионот од „ВизЕр“ кој сообраќал на линијата Брисел-Скопје на скопскиот аеродром, патник бил уапсен од страна на полицијата поради тоа што ги прекршил правилата кои се пропишани заа патниците за време на летот и запалил цигара во авионот.

Патникот запалил цигара во тоалетот на авионот, по што екипажот го пријавил случајот на аеродромот и побарал асистенција од полиција. Откако авионот слетал на скопскиот аеродром 25 минути по полноќ, патникот бил предаден на полицијата.

„Беше побарана наша асистенција, бидејќи патникот Д.Ш. (22) не ги почитувал правилата за летање, односно пушел во авионот. Беше направен разговор со него. Во неговата изјава, лицето тврди дека не пушел, иако екипажот тврди спротивно. Се работи на расветлување на случајот“, велат од полицијата.