Home Актуелно На штипјанец му го украле автомобилот додека полнел гориво на бензиска

На штипјанец му го украле автомобилот додека полнел гориво на бензиска

Ова е ново ниво на разбојничко безобразие кај нас. Досега вака се креадеа само велосипеди (оставен пред продавница, додека газдата купува мастики, заминал точакот). Но, крадците очигледно одат чекор понатаму.

Во полицијата во Штип, 28-годишниот Ј.Д. од Штип пријавил дека околу 14 часот откако на бензиска пумпа во Штип ставал гориво, од страна на непознат сторител му било одземено патничко моторно возило „Опел Астра“.

Сторителот користејќи згодна прилика со клучот кој бил на бравата, го ставил возилото во погон  и заминал во непознат правец. По преземени мерки околу 14.50 часот на место викано .„Ѓубриште“ во Велес од страна на полициски службници од Д.Т.(41) од Радовиш е одземено возилото и истото е вратено на пријавителот.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…