Home Актуелно На претседателските избори ќе бираме меѓу тројца кандидати

На претседателските избори ќе бираме меѓу тројца кандидати

Само тројца од вкупно деветте потенцијални кандидати ќе влезат во трката за претседател на државата на 21 април.

Од ДИК потврдија дека само Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река во предвидениот законски рок ги собрале потребните 10 илјади потписи.

Силјановска-Давкова, која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ собрала 15.926 потписи, а Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ, собрал 31.729 потписи. Блерим Река, поддржан од Алијанса на Албанците и движењето Беса, собрал 11.128 граѓански потписи. Пендаровски и Силјановска-Давкова имаат поддршка и од најмалку 30 пратеници.

Во тек е јавниот увид во избирачкиот список, кој е отворен за увид до 14 март во 24 часот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…