На повидок нов скандал: Болница во Скопје врши оперативни зафати без лиценца?!

Надлежните институции знаеле, а дозволувале здравствена установа без соодветни лиценци да врши операции. Корупцијата и криминалот на власта на СДСМ и ДУИ предизвикува целосен распад на системот.

Институциите кои се надлежни да ги спроведуваат законите всушност ги штитат прекршувањата. Ваквиот башибозлук потоа го плаќаат граѓаните. Последниот скандал кој власта сака да се премолчи е поврзан со здравството и здравјето на граѓаните.

Имено во центарот на Скопје функционира болницата Промедика која врши дејност оперативни зафати, без потребни лиценци кои што мора да ги има согласно Законот за здравствена дејност.Надлежен за контрола е Државниот санитарен и здравствен инспекторат во ресорот на министерството за здравство.

Ваквата дејност, поточно очни оперативни зафати кои се вршени без соодветни лиценци, била свесно толерирана од страна на надлежните институции. Свесни ли се дека на ваков начин може да се загрози здравјето на граѓаните?

Дополнително, дали ваквото функционирање повлекува и други нелегални активности поврзани со финансиското работење на приватната здравствена институција Разрешница за ваков скандал мора да има, пред да се случат било какви последици по граѓаните.

Одговорните кои сето ова знаеле, а не го санкционирале мора да понесат одговорност.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ