Детали за страшната сообраќајка: Тројцата малолетници во тешка состојба, докторите се борат за нивните животи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Три од четирите деца кои со „форд мондео“ околу 4.30 по полноќ се забиле во метална бандера и бетонска жардињера на булеварот „Мајка Тереза“, познат како „Водњанска“, се со многу тешки повреди и во животна опасност, потврдуваат за Канал 5 од ТОАРИЛУЦ – Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар.

Двајца од нив се во операциона сала, а лекарите се борат за да ги спасат нивните животи, велат оттаму.

Во меѓувреме, петнаесетгодишникот кој го управувал возилото е во стабилна состојба и завршил само со скршеници на подколеницата, информираат од „Осми септември“, градската болница каде тој бил донесен по незгодата.

Фото: МКД.мк