Home Спорт На „пијаниот“ Фирмињо му ја одзедоа возачката дозвола!

На „пијаниот“ Фирмињо му ја одзедоа возачката дозвола!

На фудбалерите на Ливерпул во последно време не им оди баш најдобро на теренот, а на Роберто Фирмињо и надвор од него.

Имено, офанзивниот фудбалер на „црвените“ ќе треба да плати 20.000 фунти казна, откако ја призна вината дека својот авотмобил го управувал во алкохолизирана состојба.

Британската полиција го сопрела Фирмино на Божиќ, бидејќи возел во прогрешна насока. Бразилецот се извинил поради инцидентот, а судијата рекол дека олеснителна околност е што во инцидентот никој не е повреден.

Покрај паричната казна Фирмино една година остана без својата возачка дозвола. Казната, како што образложи судот, ќе биде намалена доколку фудбалерот посетува курсеви за безбедност во сообраќајот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…