Home Актуелно На Панче кој ја нападна Шеќеринска во Собрание му се закануваат од три до десет години затвор

На Панче кој ја нападна Шеќеринска во Собрание му се закануваат од три до десет години затвор

Панче Ангелов, обвинет за насилството во Собранието за време на крвавиот четврток и за нападот на пратеничката Радмила Шекеринска вчера седна на обвинителната клупа.

Адвокатот на Ангелов за настаните од 27 април во Собранието изјави дека обвинетиот го гледа првпат во судницата бидејќи немал ниту мобилен ниту фиксен телефон за да му се јави и правно да го советува.

Адвокатот кој на Ангелов му е доделен по службена должност, рече дека обвинетиот е правно неук.

Јавното обвинителство претставувано од Наташа Гоџовска изјави дека Ангелов бил во првата група што влегла во Собранието, упаднала во прес-салата и му се заканила на Зоран Заев. Потоа стигнал до Радмила Шекеринска, при што ѝ нанел тешки телесни повреди влечејќи ја за косата и со шише замавнал кон присутните пратеници.

Според Обвинителството, поведението на Ангелов предизвикало несигурност и страв кај присутните. Според образложението на обвинението, казната затвор за ова кривично дел е од три до 10 години.

Според медицинската документација, кај Шекеринска бил констатиран потрес на мозокот, а кај Зоран Заев ластерација и хематом на главата. Обвинителството располага со доказен материјал како видеозаписи од собраниските камери, документација од МВР, медицински извештаи и изјави од сведоци.

Судењето денеска беше одложено за 6 октомври до кога обвинетиот треба да биде правно поучен за последиците од признавањето на вината, а со оглед на фактот дека нема финансиски средства да плаќа адвокат и дека е правно неук.

Ангелов има завршено средно занаетчиско училиште и досега не бил осудуван.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…