На овој човек џимиринките му носат милиони, а сето тоа започнало со мала кладба


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Колмен, кој инаку е љубител на месо, бил предизвикан од негов пријател да започне бизнис во кој ќе вложи нешто повеќе од 500 евра.

Па така кладбата била на 500 фунти (околу 560 евра) направи од Ник Колмен (35) милионер. А верувале или не, во сето тоа се вмешани и џимиринките.

Ник после 3 години од кладбата, вели дека тоа била најдобрата одлука што ја направил. Така тој денес од производство на џимиринки заработива 3.5 милиони фунти годишно.

„Кладбата ме натера, да започнам нов бизнис во кој ќе бидам ограничен со капитал. Наместо да се грижам како ќе заработувам пари, се концентрирав на својата страст и она што стварно сакам да го правам“, вели Колмен за британскиот „Син“.

Ова во што ужива се пабовите и свинското месо, и кога направил комбинација од тие две ја добил „Snafiling Pig“. Се работи за фирма која е специјализирана за производство на џимириники, кои се служат како грицки со пиво.

Прво се продаваа во кеси како чипс, во меѓувреме, одлучиле да ја променат амбалажата. Па така сега се продаваат во тегли.

Трудот се ислатеше. Ник и неговиот деловен партнер Едру Ален се појавиле во емисијата „Dragon Den“, па дури и освоиле награда од 70.000 фунти.

Во меѓувреме фирмата продолжува да работи, а и се проширило производството со уште 10 нови вкусови.