На Каталонците им се заканува дебакл: Барса во тешка финансиска криза поради договорот на Меси


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Мундо Депортиво“, весник близок до каталонскиот клуб денес ги откри деталите и бонусите од неодамна обновениот договор на Лео Меси.

Според овој извор, најдобриот фудбалер на Барселона годишно ќе заработува 35 милиони евра, нето плата, а со бонуси би можел да заработи минимум 55 милиони евра секоја година.

Наводно, Меси ќе добива 20 милиони евра бонус за секоја следна сезона помината во клубот, па ако го одбраноти договорот до крај, односно до 2021 година, само од тоа ќе инкасира додатни 100 милиони евра, а од плата ќе добие 175 милиони евра.

„Мундо Депортиво“ наведува дека Барселона само на Аргентинецот ќе потроши 84% од предвидениот буџет за плати на играчите, на што се противеле финансиските советници, но клубот сакал по секоја цена да го задржи Меси до крајот на кариерата.

Барселона била приморана да му понуди ваков договор на Меси, бидејќи фудбалерот ова лето на маса имал астрономска понуда од Манчестер Сити (види ОВДЕ).