Славни

Мирела Срна остана без скапиот Range Rover

Сопругата на бившиот капитен на хрватската фудбалска репрезентација Дарио Срна, прекрасната Мирела Фориќ Срна, остана без својот автомобил кој беше украден во центарот на Киев.

Непознати разбојници го украле нејзиниот луксузен Range Rover, а целиот случај убавицата го пријави во полиција.

Семејството Срна поголем дел од годината го поминува во Киев, каде Дарио игра за фудбалскиот клуб Шахтјор, а таму и нивната ќерка Касја оди на школо.

A post shared by Mirela Foric (@mirelaforic) on

Семејството има и вила од 1.200 квадрат во Загреб, а есенва беше откриено дека градот ја преместил автобуската постојка која се наоѓала пред неговата куќа.

Автобуската постојка на улица Горне Прекрижје во правец на север била преместена неколку десетици метри посеверно, а од надлежната Градска управа за сообраќај не сакаа да потврдат дали токму Срна барал преместување на постојката.

To Top