Home Спорт На Барса и пропадна мега-трансфер поради Меси!

На Барса и пропадна мега-трансфер поради Меси!

Филипе Кутињо е еден од најбараните фудбалери моментално во Европа, а познато е дека за Бразилецот најголем интерес покажува Барселона.

Кутињо е на мета на многу европски гиганти, но Барселона е фаворит за неговиот потпис. Сепак, Каталонците немаат голем повод за радост бидејќи Бразилецот одлучил да ја одбие Барса поради Лео Меси.

Имено, шпанските медиуми тврдат дека причината е всушност фактот дека позицијата на која игра Кутињо е резервирана исклучиво за Аргентинецот.

Поради тоа Бразилецот смета дека нема да има голема минутажа и не сака преселба на „Камп Ноу“, а „Дон Балон“ тврди дека во целата приказна се уклучил и Реал Мадрид.

„Кралевите“ сега гледаат шанса да дојдат до неговиот потпис и наводно се вклучиле во борбара за доведување на младиот Бразилец.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…