На 84 години, без никаква актерска едукација“ прогласена за „Најдобра нова актерка“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бенедикта Санчез длабоко завлезена во 90-тата деценија од живот е добитничка на најпознатата шпанска филмска награда „Гоја“ (шпански пандан на „Оскар“) за „Најдобра нова актерка“ и со тоа стана највозрасната жена во историјата на шпанската кинематографија која успеала да се закити со оваа награда.

Таа беше наградена на официјалната церемонија за доделување на наградите „Гоја“ која се одржа во градот Малага, јужна Шпанија.

Бенедикта Санчез, без никаква актерска школа, со неверување го коментираше ова признание велејќи:

„Има многу изненадувања во сечиј живот и ова е едно од најголемите во мојот живот“.

Во оваа категорија, лауреатите досега беа претежно млади актерки на почетокот на нивните актерски кариери. Затоа оваа одлука на жирито предизвика чудење на позитивен начин, а многумина дури реагираа емотивно.

Филмот, во кој Санчез глуми и ја освои престижната награда, е филм од 2019 година наречен ,,Огнот ќе дојде’, во режија на шпанскиот режисер со француско потекло, Оливер Лакса. „Најдобрата нова актерка“ ја толкува улогата на мајка на осуден пироман, која се враќа во родното село во планините на Галиција, во северозападна Шпанија.

Овој филм претходно го привлече вниманието на јавноста со освојување на „Наградата на жирито“ на минатогодишниот филмски фестивал во Кан, каде Санчез, кога ја претстави филмската екипа на црвениот тепих во Кан, предизвика сензација, танцувајќи мусиеира, традиционален галициски танц, наследство на провинцијата од каде потекнува и каде што во моментов живее.

Оваа необична жена, е родена во 1935 година во селото О Корго во Галиција. Откако се омажила на 17-годишна возраст, таа емигрирала со својот сопруг во Бразил, каде работела како продавачка на книги пред да стане фотограф. Покрај тоа што е светски патник, Санчез е и страствен планинар и вегетаријанец, а се вратила со сопругот во родната Шпанија во 1979 година. По долг живот на југот на земјата, Санчез се враќа во родната Галиција.