Home Актуелно МЖ Транспорт во функција пушти три нови електрични локомотиви

МЖ Транспорт во функција пушти три нови електрични локомотиви

Три нови електролокомотиви во вредност од 6.414.000 евра, набавени од кинески ЦРРЦ, беа пуштени во сообраќај од страна на Македонски железници Транспорт.

Со испораката целосно се реализира Договорот за набавка на четири електролокомотиви од кинеската компанија, во вкупна вредност од 8.678.600 евра.

Од Железници Транспорт велат дека со пристигнувањето на новите електро локомотиви, се заокружува Проектот за ревитализација на возниот парк и оти тоа претставува големо задоволство за нив имајќи предвид дека последните локомотиви кои се купени датираат пред 45 години, во далечната 1975 година.

„Освен што ќе го зајакнат транспортниот капацитет на железницата и значително ќе ги намалат трошоците за одржување ќе дадат голем придонес и кон домашната економија и зачувување на животната средина“, изјави директорот на Железници на РМ Транспорт Орхан Муртезани.

Како што потенцираат од Железници на РМ, електро локомотивите се изработени согласно со најстрогите европски директиви, критериуми и стандарди и ќе овозможат поквалитетен, побрз и побезбеден железнички превоз на пругите на територијата на нашата држава.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…