МВР: Приведен напаѓачот на новинарската екипа на Ал Џазира


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лицето што на вчерашниот протест против поскапувањето на струјата ја нападна новинарската екипа на Ал Џазира е приведено и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„На протестот што синоќа го одржа опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од страна на непознато лице, новинарката Милка Смилевска и снимателот Јорде Ангеловиќ од медиумот Ал Џaзира биле нападните и попречени во вршење на своите професионални новинарски задачи. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека М.С во 18.30 часот пријавила дека на ул. Македонија, каде што се одвивал протест, а таа била работно ангажирана како новинар, додека разговарала со едно од лицата што учествувале на протестот, дошол А.И. (41) од Скопје и замавнувал со рацете, при што и го турнал микрофонот. А.И. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, се вели во сооптението на МВР.