Home Актуелно МВР ги предупредува македонските граѓани за измама што се шири за наводна нова дигитална криптовалута

МВР ги предупредува македонските граѓани за измама што се шири за наводна нова дигитална криптовалута

Македонски граѓани се мета на наводна кампања во која лица преку социјалните мрежи или директно на приватните е-меил адреси испраќаат линкови до лажна интернет страница со ветување за лесна и брза заработка преку купување на „новата дигитална криптовалута“ во Кина, предупредуваат од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР.

Откако лицата ќе се регистрираат и ги остават нивните лични податоци, во рок од неколку минути непознати лица ги контактираат преку телефон со цел да ги убедат дека треба што е можно побрзо да се инвестира во новата кинеска крипто валута бидејќи цената расте секој момент.

Од страна на СККДФ беа направени проверки на веб страната и за истата е утврдено дека како регистрант се јавува лицето Vasyl Dymarev од Русија.

Текстовите и статиите на интернет страната се убедливо напишани а со цел граѓаните да поверуваат на нивната веродостојност и постапката им е добро разработена, почетната сума која ја бараат за инвестиција е 250$, но во понатамошната комуникација се обидуваат да изнудат и поголеми парични средства.

МВР апелира граѓаните и правните субјекти да не отвараат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да превземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…