Мурињо спреми понуда за ѕвездата на Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арон Рамзи неодамна потврди дека нема да потпише нов договор и планира да го напушти „Емирати“ како слободен играч по крајот на сезоната.

Сепак, Арсенал има свои планови и ќе се обиде да го продаде 27-годишниот играч за врска во јануари, со цел да заработи на неговото заминување.

За Рамзи силен интерес покажуваат голем број на клубови ширум Европа, а британските медиуми тврдат дека и Манчестер Јунајтед ќе испрати понуда за Велшанецот.

Според медиумите, Манчестер Јунајтед имал неуспешен обид да го привлече Ремзи уште во 2008 година за време на ерата на Фергусон, но играчот тогаш го претпочитал Арсенал на Арсен Венгер.

„Мирор“ тврди дека „црвените ѓаволи“ испратиле конкретна понуда за Ремзи и во текот на летото, а сега се подготвени да направат трет обид.

Сепак, Мурињо ќе мора да се избори со жестоката конкуренција бидејќи за играчот силен интерес покажуваат уште Ливерпул, Милан и Јувентус.