Милан купува уште еден Бразилец


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан ќе биде исклучително активен во зимскиот преоден рок, а очигледно вниманието на „росонерите“ ќе биде насочено кон бразилскиот пазар.

Спортскиот директор Леонардо веќе ја договори новата бразилска ѕвезда Лукас Пакета, кој ќе пристигна од Фламенго за 35 милиони евра.

Меѓутоа, италијанските медиуми пренесуваат дека Милан сака да донесе уште еден Бразилец во јануарскиот преоден рок.

Стануба збор за дефанзивецот на Сао Паоло, Родриго Кајо за кого се заинтересирани повеќе европски клубови.

25-годишниот дефанзивец веќе има четири настапи за бразилската репрезентација и самиот сака трансфер во Европа, па наводно веќе се договорил со „росонерите“.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Леонардо е во многу добри односи со Сао Паоло, па не би требало да има проблем да се договори околу отштетата. Во прилог на „росонерите“ им оди фактот што фудбалерот има и италијанско државјанство.