Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Викендов на програмата е големото дерби на Манчестер помеѓу Сити и Јунајтед, натпревар кој може директно да одлучи за титулата бидејќи ќе се сретнат првиот и вториот на табелата.
Тренерот на „црвените ѓаволи“ Жозе Мурињо овој пат беше одмерен на пресконференцијата и истакна дека очекува одличен натпревар бидејќи двата тима напредувале во однос на минатата година.
„Ние сме подобар тим во однос на минатата сезона, но мислам дека и Манчестер Сити се исто така подобри. Всушност, многу подобри. За мене ова е меч против еден од најсилните тимови во Еврпопа. На крајот на краиштата ова за нас е само меч за три бода, но за луѓето од градот е специјален натпревар“, истакна Мурињо.
Мурињо потоа додаде дека Златан Ибрахимовиќ, Фил Џонс и Немања Матиќ сигурно ќе бидат спремни за дербито, а настапот на Фелаини е под знак прашалник.
„Златан е спремен, Џонс исто така. За Фелаини ќе донесеме одлука утре. Карик и Баи сигурно нема да играат, а Матиќ е повреден, но сигурно ќе игра“, откри „Специјалниот“.