Мурињо со коментар за Венгер: Ако тој е среќен, и јас сум среќен!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ја коментираше одлуката на еден од најголемите соперници во Англија, Арсен Венгер, да го напушти Арсенал на крајот на сезоната.

Конфликтите кои ги имаа „Специјалниот“ и Французинот се добро познати, но и покрај тоа Мурињо изјави дека има голем респект кон Венгер и се надевам да не ја заврши кариерата на крајот на сезоната.

„Ако тој е среќен и јас сум среќен. Ако тој е тажен и јас сум тажен. Секогаш го сакам најдоброро за моите соперници. Сигурен сум дека ние како клуб ќе покажеме почит спрема господин Венгер како што заслужува, бидејќи тој и Арсенал со години беа најголем ривал на Манчестер Јунајтед“, истакна Мурињо.

Мурињо беше запрашан и дали жали за некои иронични епитети кои ги користеше за Венгер.

„Не станува збор за жалење. Не знаете како ние менаџерите се почитуваме, иако тоа понекогаш изгледа дека нема почит. Нема за што да жалам. Се случува. Тоа што е важно за мене е почитта која ја имам кон личноста, професионалноста и неговата кариера“, изјави Мурињо.