Home Спорт Мурињо ги расипува плановите на Интер – тргнува по ѕвездата на Рома!

Мурињо ги расипува плановите на Интер – тргнува по ѕвездата на Рома!

После засилувањата во одбраната и нападот, Мурињо сака да донесе уште еден квалитетен играч за врска во средниот ред.

Откако ја загуби битката за Тиму Бакајоко, сепак Португалецот ќе се насочи кон ѕвездата на Рома, Раџа Наинголан, пренесуваат англиските медиуми.

Белгиецот имаше фантастична сезона во Рома, покажа класа и е мета на многу европски гиганти, а најсилен интерес до сега покажуваше милански Интер.

Наинголан иако во неколку наврати истакна дека сака да остане во Рома, сепак сеуште го нема продолжено договорот, а италијанските медиумие тврдат дека „волчицата“ е спремна да започне преговори со Јунајтед.

Рома е наводно спремна да се раздели со Наинголан за сума од 50 милиони евра, но не сака да го пушти во Интер бидејќи не сака да засилува директен конкурент.

Таквата ситуација може да ја искористи Мурињо, кој со Белгиецот ќе добие големо засилување во средниот ред, особено поради фактот што Наинголан може да игра на повеќе позиции.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…