Спорт

„Мундо Депортиво“: Откриена е понудата со која Барселона сакала да го врати Нејмар

Барселона и ПСЖ пред два дена преговараа во Париз за враќање на Нејмар, но на тие преговори не е забележан напредок во преговорите, барем според она што се пишува во медиумите.

„Мундо Депортиво“ пишува дека ПСЖ уште еднаш и порачал на Барселона дека сака 220 милиони евра, а тоа е сума која Барселона не може да ја исплати во овој момент.

Освен тоа реномираниот шпански медиуми открива и каква била понудата на Барселоан и ако нивните информации се точни сега е јасно зошто не дошло до договор.

Првата понуда на Барселона замена Кутињо, плус 100 милиони за Нејмар и таа понуда веднаш била одбиена од страна на раководството на францускиот клуб.

Барселона сакала да се ослободи од Кутињо кој не ги оправда очекувањата и да му направи услуга на ПСЖ да го ослободи од незадоволниот играч, меѓутоа луѓето од ПСЖ не сакале да се договорат за таква понуда.

Извор: Спортски.мк

Advertisements
To Top