Мукоски не планира да се врати во редовите на ВМРО-ДПМНЕ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пратеникот Крсто Мукоски, кој беше еден од исклучените пратеници од пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за „Независен“, соопшти дека не размислувал за враќање во ВМРО-ДПМНЕ.

„На средбата воопшто не стана збор за наше враќање во партијата, ниту пак, претходно сме разговарале за тоа“, истакна Мукоски.

Мукоски е дел од групата на осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои беа беа исклучени од повеќе матични партии, бидејќи гласаа за уставните измени.