Спорт

Mozzart донираше над 300.000 денари за Клиничката болница во Штип

Со цел да ги поддржи напорите на државата, докторите и здравствените работници кои деноноќно се борат против коронавирусот, компанијата Mozzart издвои 50.000 евра за помош на болниците низ целата држава. Во рамки на тој пакет, повеќе од 300.000 денари, односно 5.000 евра лидерот во областа на приредување на игри на среќа донираше на Клиничката болница во Штип.

Директорот на болницата во Штип, д-р Ален Георгијев изрази благодарност за донацијата, кој истакна дека во овие моменти ваквите донации се од особена важност.

„Огромна благодарност до компанијата Mozzart за оваа донација во висина од 5.000 евра. Истата ќе биде од голема помош и ќе биде употребена за поголема заштита на медицинскиот персонал во борбата со епидемијата со корона вирусот.“ – изјави д-р Ален Георгијев, медицински директор на Клиничка Болница Штип.

Досега, од Mozzart Bet помош добија здравствените установи во неколку градови: Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Општата болница во Куманово, Општата болница во Дебар, Клиничката болница во Битола и Клиничката болница во Штип. Во следниот период ќе се реализираат уште две донации наменети за болниците во Македонија, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот, со цел што поефикасно згрижување на заболените пациенти.

„Општествено-одговорниот пристап на компанијата Mozzart за време на пандемијата е само еден дел од низата хуманитарни акции кои се важен сегмент во нашето работење. Со оваа донација сакаме да го поддржиме здравствениот систем во овие кризни моменти, со средства наменети за македонските болници кои се распределуваат по приоритет, онаму каде што е најмногу потребно во првата борбена линија за справување со коронавирусот.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.

Обложувалницата Mozzart Bet изминатиов период донираше и повеќе од 100 телевизори наменети за неколку Домови за стари лица, Детски домови и болници. Компанијата е препознатлива како општествено-одговорна компанија која настојува да биде вклучена во повеќе сфери и преку различни акции и кампањи да придонесе онаму каде што е најпотребно.

To Top