Вторничка временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овој априлски вторник во Македонија носи промена на временските услови кои ги имавме во изминатите неколку дена. Денес времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, особено во попладневните и вечерните часови, кога на места ќе бидат пообилни.

Ќе дува засилен југозападен ветер, кој кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен и во текот на ноќта ќе услови врнежи од снег на планините и на некои повисоки места.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната од 14 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, кога ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 17 степени. Маврово 10, Охрид 14, Битола 17, Крива Паланка 15, Берово 14, Кавадарци 19, Дојран 20.

Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Дневните температури ќе се движат од 8 до 17 степени.