Home Живот и здравје Може да ве „извади“ пред ненајавени гости – вкусен чизкејк готов за 10 минути

Може да ве „извади“ пред ненајавени гости – вкусен чизкејк готов за 10 минути

Не е комплициран, се прави без многу состојки и тоа за десет минути, а со вкусот лесно ќе ви го спаси домаќинлукот во случај да ви дојдат ненајавени гости. Можете да го сервирате во чаши или мали теглички.

За четири чаши ви е потребно:

100-150 грама плазма бисквити

300 грама несолена урда

Сок и рендана кора од еден лимон

3 лажици шеќер

200 грама овошје по желба, може и замрзнато (нема да пречи ако има и повеќе)

Подготовка:

Ставете ги бисквитите во кеса и со помош на сукало издробете ги на парчиња, да не бидат премногу ситни, (затоа и не се мелат), но можете да користите и мелена плазма.

Несолената урда измешајте ја со ренданата кора од лимон и две лажици шеќер.

Издвојте малку овошје за декорација и преостанатата количина измешајте ја во блендер со лажица шеќер и сок од еден лимон.

На дното од чашата или тегличката ставете бисквити, па урда и на крај овошје. Украсете со преостанатото овошје и со бисквити, оставете да отстои во фрижидер сè до послужувањето.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …