Може да биде најдобриот досега: Објавен нов трејлер за Spider-Man


Роналдо нека се пази, Мароко гази - 19 ден ↓↓↓



Новиот филм за Марвеловиот суперхерој Спајдер-мен пристигнува ова лето, а Marvel и Sony Pictures го објавија второто најавно видео за филмскиот хит кое изгледа навистина добро.

Том Холанд ќе ја има главната улога во филмот Spider-Man: Homecoming, откако претходно имаше улога во филмот Captain America: Civil War.

Роберт Дауни Јуниор во филмот ќе го глуми соработникот на Спајдер-мен, Тони Старк, додека Мајкл Китон ќе го игра главниот негативец Вултур.

Spider-Man: Homecoming во киносалите ќе биде премиерно прикажуван од 7 јули, 2017 година.