Home Вебкафе Морничави сцени во Будимпешта: Пливачка се онесвести додека беше под вода – ја спасуваше нејзината тренерка

Морничави сцени во Будимпешта: Пливачка се онесвести додека беше под вода – ја спасуваше нејзината тренерка

Вчерашниот ден од меѓународното натпреварување во синхронизирано пливање на Светското првенство во Будимпешта донесе вистинска драма и морничави сцени, кога американската натпреварувачка Анита Алварез се онесвести во базенот.

Нејзиниот живот беше спасен благодарение на брзата реакција на нејзината шпанска тренерка, Андреа Фуентес.

25-годишната Алварез, која анатпреварувањето го заврши на седмото место, ја загуби свеста, но потоа од американскиот тим потврдија дека таа се чувствува добро и дека ќе оди на дополнителни тестирања да се утврди зошто се случил инцидентот.

Според тврдењата на членови од американскиот пливачки тим, ова не е прв пат Алварез да загуби свест во базенот. Слична сцена се случила на олимписките квалификации во Шпанија минатата година, кога Фуентес повторно морала да го спасува со брза интервенција во водата животот на Алварез.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…