Home Спорт Мората пристигна во Мадрид на лекарски прегледи!

Мората пристигна во Мадрид на лекарски прегледи!

Алваро Мората денес треба да ги помине лекарските прегледи, а потоа и официјално да стави потпис на договорот со Атлетико Мадрид.

Мората во Атлетико доаѓа на 18 месечна позајмица, а потоа „јорганџиите“ ќе имаат можност да го откупат за 55 милиони евра.

Меѓутоа, Атлетико не е обврзан да го откупи неговиот договор, па доколку не се одлучи за таков потег, Шпанецот во јуни 2020 година ќе се врати во Челзи.

„Многу сум среќен што сум пред нова етапа во кариерата, со денови го чекав ова. Недостасува само уште лекарскиот преглед, со нетрпение чекам се да се заврши и да почнам да тренирам со новите соиграчи“, изјави Мората.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…