МОН ги исплати јунските ученички и студентски стипендии


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од Министерството за образование и наука информираат дека исплатени се средствата за ученички и студентски стипендии за месец јуни 2021 година.

Сите корисници на стипендии кои ги доделува МОН за ученици од средните училишта, студенти запишани на додипломски студии на високообразовните установи во Република Северна Македонија, како и студенти запишани на некој од најдобрите светски универзитети согласно Шангајската ранг листа, на своите трансакциски сметки ја добија јунската стипендија.

Министерството додава дека и во наредниот период ќе се реализира редовната месечна исплата на средствата за ученички и студентски стипендии воспоставена на почетокот на годинава.