Момчето кое собира топки во Ливерпул стана вистинска ѕвезда, но сето тоа било добро испланирано (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул направија историски пресврт и со победата од 4:0 над Барселона успеаа да се пласираат во финалето од Лигата на шампиони.

Особено впечатлив беше четвртиот гол, откако при еден „мудро“ изведен корнер Арнолд и Ориги успеаа да ја надмудрат целата одбрана на Барселона.

Денес целиот фудбалски свет аплаудираа на нивниот потег, но на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа дека вистински херој на Ливерпул е детето кое собира топки зад гол линијата.

Имено, детето реагираше брзо и итро му ја подаде топката на Арнолд, па се претвори во вистинска ѕвезда.

Сепак, тоа не беше случајно. 14-годишниот Окли Каниниер како и остантите деца од школата претходно добиле инструкции брзо да реагираат со враќањето на топките и тоа по лична наредба на Јирген Клоп.

Аналитичарите ја забележале таа слабост во играта на Барселона и сакале да го искористат тоа во реваншот. Поради тоа му дале инструкции на децата веднаш да ги враќаат топките.