Home Вебкафе Моќна симболика: 7.000 пара детски обувки „протестираа“ пред Капитол во САД

Моќна симболика: 7.000 пара детски обувки „протестираа“ пред Капитол во САД

Со оваа симболична фотографија најдобро се отсликува моќната симболична акција во Вашингтон против вооруженото насилство против децата во САД.

Тревникот пред зградата на американскиот Конгрес-Капитол, е прекриен со 7.000 пара детски чевли во спомен на 7.000 деца кои биле убиени од огнено оружје во САД по масакрот во училиштето Сенди Хук.

На 14 декември 2012 година во тоа училиште во местото Њутон, Конетикат, 20-годишниот Адам Ланза уби 20 деца на возраст меѓу 6 и 7 години, како и шест возрасни лица вработени во училиштето. Актуелната акција е организирана од глобалната активистичка група- Авааз.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ким Кардашијан, Глен Клоус и Наоми Вотс прават спектакл на суд – Рајан Марфи ја носи серијата што ќе ви го освои срцето

Рајан Марфи се враќа со полна пареа со нови правни драмолетки, а првите сцени од тизерот в…