Home Мода и убавина Модната ревија на Викторија Сикрет 2025: Легендарното шоу одржано во Њујорк

Модната ревија на Викторија Сикрет 2025: Легендарното шоу одржано во Њујорк

ВОК шоуто на Victoria’s Secret 2025: Легендарната ревија се одржа во Њујорк

Легендарната модна ревија Victoria’s Secret Fashion Show 2025 се одржа во Њујорк и уште еднаш го потврди статусот како еден од најпрепознатливите модни настани во светот.

На модната писта продефилираа светски супермодели и икони на современата култура, додека музичката програма беше комплетно во знакот на женските изведувачи. Публиката беше воодушевена од настапите на глобалните ѕвезди Карол Џи, Медисон Бир, Миси Елиот и членките на К-поп групата TWICE – Најон, Момо, Цују и Џихјо.

Под креативното водство на Адам Селман, ревијата претстави уметничко патување на жената низ денот – од рана зора до доцен вечер. Гламурот, прочуените крилја и незаборавните музички перформанси и овојпат беа неизоставен дел од спектаклот.

Во обид да се доближи до потрошувачите ширум светот, Victoria’s Secret креираше уникатно дигитално искуство што го редефинира начинот на кој се следат модните настани. Фановите можеа ревијата да ја гледаат во живо преку Инстаграм, Јутјуб и ТикТок, како и преку бесплатен стрим на платформата Amazon Live, што им овозможи на гледачите од целиот свет да бидат дел од шоуто во реално време.

Оваа ревија воедно го означи и почетокот на празничната сезона, а по тој повод беше претставена и новата колекција Angel Essentials, која е достапна и кај нас, во продавницата во трговскиот центар Ушќе. Сите што сакаат повторно да ја доживеат магијата на Victoria’s Secret Fashion Show 2025 можат да го сторат тоа на Јутјуб каналот @victoriassecret или преку платформата Amazon Prime Video.

ДЕЛОВИ ОД РЕВИЈАТА (по редослед на појавување)

First Light – Нијанси на килибар и злато за твоите најсјајни утра

Bombshell – Култната ДНК на брендот Victoria’s Secret оживува преку смела, розова колекција

PINK Halftime Show – Енергични изгледи на главната хероина – самоуверени, разиграни и неодоливи

Hot Pursuit – Најсексапилната писта сјае во огнено црвени тонови

Magic Hour – Нијанси на зајдисонце што совршено ја доловуваат “златната доба” на денот

Black Tie – Вечерен гламур во парчиња што носат софистицираност и елеганција по мракот

МОДЕЛИ

Аби Чемпион, Абе́ни Нијал, Адријана Лима, Адут Акеч, Алесандра Амбросио, Алекс Консани, Амелија Греј, Анџел Рис, Анџелина Кендал, Анок Јаи, Ешли Греам, Ашлин Ериксон, Авар Одхианг, Барбара Палвин, Барби Фереира, Бехати Принслу, Бела Хадид, Блесња Минхер, Кендис Сванеопол, Дајане Содре, Даниела Халфон, Девин Гарсија, Дауцен Кроус, Емелин Уаро, Емили Ратајковски, Габриела Мура, Џиџи Хадид, Грејс Елизабет, Имаан Хамам, Ирина Шаик, Ирис Ло, Џасмин Тукес, Џоан Смолс, Џоси Мукоуски, Лила Мос, Лили Олдриџ, Лиу Вен, Луна Јоханан, Марина Мојоли, Матилда Гварлиани, Мати Фал, Мекдалавит Мекванент, Нилам Гил, Паломa Елсесер, Прешис Ли, Квенлин Блеквел, Шери Ши, Стела Максвел, Самер Диркс, Суниса Ли, Валентина Кастро, Сјао Вен Џу, Јасмин Вајналдум, Јун Јанг Бе и Јуми Ну.

ЗА БРЕНДОТ VICTORIA’S SECRET

Victoria’s Secret & Co. (NYSE: VSCO) е специјализиран ланец со малопродажни објекти што нуди модни колекции, вклучувајќи препознатливи градници, гаќички, долна облека, облека, удобни пижами, костими за капење, облека за релаксација и спорт, како и признати, престижни парфеми и производи за нега на тело. VS&Co ги опфаќа водечките брендови на пазарот – Victoria’s Secret и PINK, обединети преку заедничка мисија: да ја поддржат жената во секој аспект од нејзиното секојдневие. Во рамки на компанијата е и Adore Me, технолошки напреден, дигитално ориентиран и иновативен бренд за долна облека кој ги задоволува потребите на жени од сите големини, буџети и фази од животот. Посветени сме на оснажување на над 30.000 вработени низ нашата глобална мрежа, која брои повеќе од 1.380 продавници во речиси 70 држави ширум светот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Чизми на платформа: враќање на најудобниот и најшик есенски тренд

Wedge чизми: Повторно владеат најудобниот и најшик есенски тренд Елеганцијата веќе не знач…