Home Актуелно Мнозинството во Врховен не го поддржа Вангеловски за укинување на притворот на Кочан

Мнозинството во Врховен не го поддржа Вангеловски за укинување на притворот на Кочан

Мнозинството врховни судии не го поддржа рефератот со кој Јово Вангеловски имаше намера да го укине притворот на Сеад Кочан.

Иако требаше да се разгледува, претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски ја повлекол и другата точка на дневниот ред, со која требаше да се забранат сите прислушувани разговори како доказ во судска постапка.

Претседателот на Врховен суд Јово Вангеловски и покрај укажувањето дека треба да се изземе од одлуката поради тоа што и тој се наоѓа во прислушуваните разговори, сепак инсистираше и остана до крај да одлучува за СЈО и Сеад Кочан.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…