Home Вебкафе Младите во Македонија и на Балканот се осамостојуваат после 30-тата година, во Шведска после 18-тата

Младите во Македонија и на Балканот се осамостојуваат после 30-тата година, во Шведска после 18-тата

Според статистичките податоци кои ги објави Евростат, младите во Македонија и во речиси сите земји во регионот го напуштаат домот на своите родители после 30-тата година.

Покрај Македонија, ова се однесува и на Србија, Црна Гора и Турција, со тоа што младите во оваа земја го напуштаат домот на своите родители на возраст од 27,5 години.

Во Македонија младите стануваат независни на возраст од 31,8 години, во Црна Гора со 33,1, во Србија со 31,1 и во Турција со 27,5 години.

За Босна и Херцеговина нема податоци, но се претпоставува дека таа е на ниво на просекот на земјите од Западен Балкан.

Според податоците на Евростат, младите најрано го напуштаат домот на своите родители во Шведска, на неполни 18 години возраст, а во Хрватска стануваат независни со наполнети 32 години.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…