Млад и осамен човек кој работи во американска воена база е „кртот“ кој ги сподели тајните документи од Пентагон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лицето кое е посочено како „крт“ кој ги обелодени тајните документи од Пентагон што содржат чувствителни информации за националната безбедност на САД и на нивните сојузници е осамен млад човек, вљубеник во оружје кој бил вработен во американска воена база.

Извор на весникот „Вашингтон пост“ тврди дека со мажот на возраст од дваесетина години, идентификуван како О Џи (OG, сленг кратенка за Original Gangster), учествувал во групна средба на медиумската платформа Дискорд на која биле „споделувани емоции за оружје и воена опрема“. По неколку месеци дружење О Џи почнал да споделува информации што прилегале дека се транскрипти од строго доверливи државни документи.

– Имаше транскрипти од доверливи разузнавачки документи, за кои О Џи тврдел дека ги донесол дома од воената база во која работел и која одбил да ја посочи. О Џи тврдеше дека е во безбеден комплекс во кој е забрането користење мобилни телефони и други електронски уреди за да не може да бидат преземени документи од владина компјутерска мрежа или да бидат испечатени – раскажал изворот на „Вашингтон пост“.

Тој решил да споделува документи на својот сервер на Дискорд, мрежа популарна меѓу гејмерите, за „полесно да се надмине осаменоста поради пандемијата“.

– Тој сакаше да нѐ задржи во кругот. О Џи веројатно сметаше дека инсајдерските познавања ќе им понуди и на другите заштита од проблематичниот свет околу нив – изјавил анонимниот извор на „Вашингтон пост“.

Отако почна објавувањето на документите на Пентагон, серверот на О Џи бил затворен. Управата на Дискорд објави дека соработува со истрагата.