Home Актуелно Млад гостиварец претепан до онесвестување

Млад гостиварец претепан до онесвестување

Утрово кај 6 часот 21-годишниот К.З од приградската гостиварска населба Циглана пријавил дека околу три часот пополноќ на излегување од Угостителски објект лоциран на улицата ,,Живко Брајковски,, во Гостивар физички бил нападнат од две лица кои со тупаници го удирале по глава, од што паднал во бессознание.

Повикана е Брза помош и укажана му е соодветна лекарска помош, а еден од напаѓачите е приведен во полициска станица.

Станува збор за 22-годишниот Р.С од гостиварското село Здуње.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…