Мизрахи: „Ако треба ќе платам 5.000 евра, таблата не ја давам“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, повторно одржа прес-конференција таблата во ресорното министерство на која пишува Репбулика Македонија, која пред некој ден крена прашина не само на домашно, туку и на регионално ниво.

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи денеска повторно застана на прес-конференција пред таблата со старото уставно име Република Македонија и порача дека друга табла во Министерството нема, дека ниту видела вербална нота од Грција ниту, пак, стравува дека поради овој нејзин потег ќе биде казнета.

„Јас не сум Мила Царовска. Јас сум Мизрахи. Тука никогаш не најдов банер со Северна Македонија. Ова е единствената табла на Министерството за труд и социјална политика и тука ќе се држат сите прес-конференции“, рече Мизрахи додавајќи дека ниту размислува да постави банер со друго име ниту стравува од последици кон неа и кон државата за непочитувањето на обврските од Преспанскиот договор, пренесува „360 Степени“.

Мизрахи истакна дека нема намера да ја менува таблата со старото име, па дури и е „одготовена да плати казна од 5.000 евра“.

„Немам намера да ставам банер со Република Северна Македонија. Ако кршам некаков закон, нека бидам казнета“, рече Мизрахи.