Мистериозно судбоносно „Да“: Фраерот и убавицата тајно се венчаа на Ибица


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Славниот холивудски пар Алисиа Викандер и Мајкл Фасбендер се венчаа на тајна венчална церемонија на Ибица, во кругот на најблиските членови од семејствата, пријателите и колегите.

Иако тие двајца ги немаат потврдено информациите за венчавката, медумите пренесуваат дека завчера тие ги размениле заветите на скромна церемонија на познатиот шпански остров. Видени се со бурми на рацете во еден шпански ресторан, каде биле чести гости во текот на нивните летувања таму изминативе години.

„Детали од венчавката не се познати. Тие ги известиле само гостите да дојдат на Ибица, каде сите имале резервирани соби во хотел“, изјави неименуван избор за The Sun.

Судејќи според фотографиите, новопечениот брачен пар после венчавката добро се забавуваа со пријателите на егзотичните плажи.

Викандер и Фасбендер се во врска три години, а се запознаа на снимањето на The Light Between Oceans во 2004 година. Со оглед на тоа дека Викандер има 28, а Фасбендер 40 години, многумина ја осудуваа нивната врска, но тие двајца останаа имуни на негативните коментари.

Ирскиот фраер не зборуваше многу за нивната врска, но минатата година изјави дека се чувствува одлично што му се случила таква љубов.