МИСЛИТЕ ДЕКА КАРДАШИЈАН ВРСКА НЕМААТ? Видете каков талент има Кортни!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Семејството Кардашијан е навистина феномен. 10 години е сеприсутно на ТВ екраните, а нивната популарност само расте.

И додека многумина се прашуваат која е тајната на успехот, односно во што се тие толку талентирани, па се гледаат, славните девојки ја користат секоја можна прилика да заработат повеќе пари, гледаност и моќ.

Веројатно најдобар пример е ова урнебесно видео што кружи на интернет, на кое верувале или не, Кортни Кардашијан дава совети, како таа во 6 чекори јаде чоколадо Кит Кет. И не е зафрканција, Кортни е мртва сериозна, а колку е успешен ваквиот маркетинг пристап покажува фактот дека видеото го виделе над 2 милиони луѓе.

И ако мислите дека Кардашијан немаат талент и дека се збогатуваат на човечката глупост, конечно ќе ги разрешите сите ваши дилеми кога ќе го изгледате видеото во кое Кортни објаснува како се јаде чоколадо.