Home Актуелно Министерството за финансии ги исплати пензиите, субвенциите и студентските стипендии

Министерството за финансии ги исплати пензиите, субвенциите и студентските стипендии

Министерството за финансии соопшти дека на сметките на 301.660 пензионери ќе бидат исплатени четири милијарди и 174 милиони денари пензија за мај.

Вчера се исплатени и студентските стипендии. Студентите ги добија стипендиите за последните пет месеци во висина од 118,2 милиони денари.

Исто така, вчера Министерството исплати 439 милиони денари за субвенции, од кои за житни култури 114,1 милиони денари, за лозови насади 31,8 милиони денари, за градинарски култури 36,3 милиони денари, за мерката одгледување  говеда 100 милиони денари, за одгледување  овци 154 милиони денари и за млеко 2,7 милиони денари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…