Home Актуелно Министерот за образование Адеми во изолација – и тој беше на состанокот со кумановскиот градоначалник

Министерот за образование Адеми во изолација – и тој беше на состанокот со кумановскиот градоначалник

Првиот човек на Министерството за образование и наука, министерот Арбер Адеми, е еден од четворицата владини функционери, заедно со техничкиот премиер Спасовски, вицепремиерот Османи и министерот за здравство Филипче, кои се во принудна домашна изолација откако градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, објави дека е заразен со коронавирусот.

„Од денешната позитивна потврда за ковид-19 на градоначалникот на општина Куманово, иако како и сите присутни на состанокот бев со лична заштитна маска и ракавици за кои епидимиолозите сметаат дека е доволна заштита, останувам во изолација и ќе постапам согласно протоколите за постапување во вакви ситуации. На градоначалникот на Куманово, но и на сите заболени во моментов им посакувам брзо оздравување и заедно да излеземе од целата оваа состојба. Останете дома и грижете се за вашето здравје!“, порача Адеми преку социјалните мрежи.

Тој заедно со премиерот Оливер Спасовски, со вицепремиерот Бујар Османи и министерот Венко Филипче, вчера беа на состанок во Куманово.

Денеска, пак, градоначалникот соопшти дека добил позитивен резултат на тестот, а Владата соопшти дека Спасовски и министрите поради тоа одат во самоизолација.

Заедно со нив во самоизолација одат и 10-тина новинари и сниматели кои ја следеле прес-конференцијата пред седницата на Кризниот штаб во Куманово.

На прес-конференцијата кадешто вчера зборувале и Спасовски, Османи, присутни биле новинари и сниматели на неколку телевизии: „Телма“, „Алсат М“, „Сител“, „ТВ 21“ и други, а некои колеги потоа земале и изјави од Димитриевски.

Првиот тест на коронавирус ќе им биде направен в четврток, по празникот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…