Актуелно

Министерот за култура на Франција заразен со коронавирус, во изолација првиот полицаец на Германија

Министерот за култура на Франција, Франк Ристер, официјално е потврдено дека е зазразен со коронавирусот, но се чувствува добро, изјави извор од министерството за култура.

Ристер открил дека за време на посетата на францускиот Парламент, бил во контакт со тројца кои имале коронавирус, и дека потоа се тестирал, и тестот се покажал позитивен, јавува Ројтерс.

Од друга страна, министерот за внатрешни работи на Германија, Хорст Зехофер се решил да се стави во домашна изолација. Тој минатата недела во Брисел имал контакт со една личност заразена од коронавирусот. Зехофер вчера се решил да не оди во Берлин, туку во својот дом во Инголштад.

Портпаролот на министерството рекол дека сите членови на делегацијата кои отпатувале во Брисел, биле тестирани на коронавирусот, и резултатите се покажале негативно, но Зехофер се решил да остане во домашна изолација.

Advertisements
To Top