Home Актуелно Министерот Меџити ветува темелна и непристрасна истрага за аферата на Клиниката за онкологија

Министерот Меџити ветува темелна и непристрасна истрага за аферата на Клиниката за онкологија

Актуелниот министер за здравство, Фатмир Меџити, на денешната прес-конференција вети тесна соработка на министерството со органите на истрагата за расчистување на случајот со злоупотреба на терапија за болните на Клиниката за онкологија.

Според него неопходно е да се изврши темелна и непристрасна истрага.

Тој рече дека никој од здравствениот систем не смее да ги заштити оние што се вклучени во овие криминални дејства и дека будно ќе следат за да не се случи поединци да ја манипулираат истрагата.

-Длабоко ме погоди и разгневи случајот на Клиниката за онкологија за кој ОЈО покрена истрага за сторено кривично дело. Клиниката за онкологија како што знаеме сите е институција која треба да служи како светилник за надеж на нашите болни. Овој случај мора целосно да биде расчистен во накус рок, изјави Меџити.

Меџити ги повика сите здруженија на пациенти, поединци или групи кои имаат информации за овој случај да се обратат до Министерството за здравство или до органите на прогонот за да помогнат овој случај што побрзо да се заврши.

-Го разбирам гневот и фрустрацијата што овој се уште докрај не истражен случај ја предизвика кај нашите граѓани особено кај оние директно погодени. Ќе направам се што е во моја моќ да се расчисти овој случај, да се утврди и санкционира одговорноста за секој за кого ќе се докаже дека има удел во овој вид злосторство. Ќе создадам услови за никогаш да не се повтори, изјави Меџити.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…