Home Актуелно Министерот Филипче ќе почека да заврши истрагата за трагедијата во Тетово, па ќе одлучи дали ќе поднесе оставка

Министерот Филипче ќе почека да заврши истрагата за трагедијата во Тетово, па ќе одлучи дали ќе поднесе оставка

На денешната прес-конференција за трагедијата во Тетово со изгорената модуларна болница во која починаа 14 лица, министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека загинатите лица се на возраст од 29 до 79 години.

Во однос на тоа дали ќе поднесе оставка поради вчерашната несреќа, Филипе рече дека одлуката ќе донесе откако ќе заврши истрагата.

„Дозволете да кажам дека од одговорност не бегам, но инсистирам на тоа да заврши истрагата. Поради тоа што и овој период има потреба од менаџирање на кризата. Апсолутно после завршување на истрагата ќе донесам одлука дали ќе поднесам оставка. Навистина е тешко да се опише со зборови тежината која ја чувствувам“, рече Филипче.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…