Home Актуелно Министерот Бектеши на средба со пазарџии

Министерот Бектеши на средба со пазарџии

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на пазарџиите ќе им ги презентира подзаконските акти од Законот за трговци на зелените пазари со кои се регулира начинот на организирање на пазарите.

Средбата ќе се одржи во седиштето на Комората на трговци по што министерот Бектеши ќе ги посети пазарџиите на скопскиот Бит пазар.

Во Македонија има зелени пазари во над 50 општини и околу 20.000 тезги. Само Скопје брои 13 зелени и еден добиточен пазар.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…