Mini Me ненадејно заврши во болница


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Актерот Верн Тројер, најпознат по улогата во филмовите за Остин Пауерс, беше примен во болница во Лос Анџелес, пренесува ВВС.

Во понеделникот вечерта било повикано противпожарна екипа во неговиот дом, а актерот завршил во болница. Неговиот тим на Инстаграм објави дека Верн „ја има најдобрата можна болничка нега“, но не е објаснето поради што завршил во болница.

A post shared by Verne Troyer (@vernetroyer) on

Според известувањето од TMZ, актерот е задржан во болница на 72-часовно набљудување и следење на состојбата.

Минатата година, овој период, Верн заврши во болница поради зависност од алкохол.

„Во минатото се борев со алкохолизмот. Иако таа битка воопшто не е лесна, имам волја и желба да продолжам да се борам секој ден“, изјави тогаш Верн.