Home Актуелно Миле Зечевиќ ќе биде предложен за нов ген-сек на СДСМ

Миле Зечевиќ ќе биде предложен за нов ген-сек на СДСМ

Новиот лидер на СДСМ и мандатар за составување на новата влада, Димитар Ковачевски за Фокус изјавил дека Миле Зечевиќ ќе биде предложен за генерален секретар на партијата.

– Тоа е единственото кадровско решение што можам да го потврдам, за сѐ друго е уште рано да се говори – вели Ковачевски.

Тој додава дека при составувањето на новото партиско раководство, но и идната влада, ќе се запази принципот на континунитет, ќе има и има освежувања, а ќе се ценат и досегашните перформанси на функционерите.

Според инфорамциите до кои дојде Фокус најветојатно задутре треба да се одржи седница на Централниот одбор на СДСМ, на кој треба да се бира новиот генерален секретар, но засега неизвесно е дали на оваа седница на ЦО ќе се прошири со нови членови и дали ќе се вклучат нови членови во Извршниот одбор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…